Recep Canik
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
НАЈРОБИ (АА) - Националниот парк „Вратата на пеколот“ (Hells Gate) во Кенија спаѓа во редот на најатрактивните туристички дестинации во светот, а мистериозните премини водат и до центарот на градот Најваша, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вратата на пеколот“ е настаната пред век и половина со ладење на вулканската лава по ерупцијата на вулканот Лонгонот, а термалните извори во тој регион се ресурс за производство на електрична енергија и тоа три четвртини од вкупните потреби на Кенија.

Околу 50 километри долгите лавиринти на изладената лава се спуштаат од планината Лонгонот и се протегаат до центарот на градот, а станува збор за заштитено подрачје кое е магнет за туристи и поради богатата флора и фауна.
Туристите доаѓаат од целиот свет и за само 26 долари имаат можност, во придружба или без придружба на водич, да уживаат во несекојдневната прошетка и сафари во паркот.

Во тесните ходници се наоѓаат и десетици извори на топла вода кои кениската влада ги користи за производство на електрична енергија. Постројките се често предмет на критики на организациите кои се залагаат за зачувување на околината.
Племето Масаи и понатаму ги населува селата во близина на паркот и повеќето припадници на тоа племе се водичи и чувари на паркот.

Џексон Мевет веќе повеќе од десет години ги води туристите на прошетка низ паркот, а за АА изјави дека тоа е местото на коешто се снимени и познатите светски филмови како „Lara Croft Tomb Rider“ (Лара Крофт: Ограбувачка на гробници) и „The Lion King“ (Кралот Лав).