Rania R.a. Abushamala
10 Март 2024•Ажурирај: 11 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) предупреди дека гладта се проширила по целиот Појас Газа среде смртоносната израелска офанзива врз палестинската енклава, известува Анадолу.
„Гладта е насекаде во Газа“, се наведува во соопштението на УНРВА.
Агенцијата на ОН соопшти дека хуманитарните услови се трагични пред почетокот на Рамазан, месецот на постот на муслиманите.
„Ситуацијата на северот е трагична, каде помошта преку копно е ускратена и покрај повторените повици. Се приближува Рамазан. Бројката на мртви и понатака расте. Хуманитарен пристап во Појасот Газа и моментален прекин на огнот се императив за спасување на животи“, порачаа УНРВА.