Burç Eruygur
10 Март 2024•Ажурирај: 11 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес објави дека едно лице е убиено, а уште едно е повредено во украинско гранатирање на село во пограничниот регион Курск, пренесува Анадолу.
„Денес украинската страна го гранатираше селото Кулбаки, во округот Глушковски. Од директен погодок на граната, се запали станбена зграда, а една станарка го загуби животот, соопшти гувернерот на Курск, Роман Старовојт на социјалната мрежа Телеграм.
Сопругот на загинатата жена се здобил со потешки изгореници, рече Старовојт и додаде дека на повредениот му е укажана медицинска помош.
„Оштетена е уште една куќа. Во селото делумно нема светло. Противпожарните екипи веднаш излегоа на местото на пожарот“, додаде Старовојт.
Подоцна гувернерот Старовојт информираше дека противвоздушната одбрана соборила украински дрон над регионот, кој потоа паднал и се запалил на територијата на магацин за нафта.
Пожарникарите и службите на итната помош работат на теренот.
Украинските власти сѐ уште не ги коментираа руските тврдења.