Hasan Esen
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел, главниот град на Белгија, традиционално, секоја година се одржува акцијата „Ден без автомобили”. И оваа година, испразнетите улици им останаа на пешаците и велосипедистите, јавува Anadolu Agency (AA).
Патиштата во 19 подрачја на Брисел денеска се затворени за сообраќај во периодот од 9:30 часот наутро до 19.00 часот. Жителите на Брисел ги исполнија градските улици без автомобили.
Додека некои преферираа да се движат пеш по празните градски улици, некои граѓани со велосипеди и ролери шетат низ градот. Во текот на денот, во повеќе делови од градот се организираат голем број различни игри, спортски активности и музички концерти.
Во сообраќајот може да учествуваат само возилата на јавниот превоз, такси-возилата и специјални возила со дозвола. Во текот на целиот ден јавниот превоз е бесплатен.
Поради Денот без автомобили, возилата од јавниот превоз, амбулантните возила и противпожарните возила, во центарот на градот можат да се движат со максимална брзина од 30 км на час.