Yusuf Kaya
07 Февруари 2019•Ажурирај: 10 Февруари 2019
АНКАРА (AA) - Специјалниот известувач на Обединетите нации Агнес Каламард изјави дека доказите покажуваат дека убиството на новинарот Џамал Кашоги го изведоа саудиските функционери, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакна дека доказите упатуваат на тоа дека саудискиот новинар е „жртва на брутално убиство со предумисла кое го планираа и го извршија функционери на Саудиска Арабија".
Додаде и дека Саудиска Арабија „сериозно подривала ефикасна, севкупна, објективна и транспарентна истрага на Турција".
Нагласи и дека убиството на Кашоги претставува кршење на меѓународното право.
„Убиството на Кашоги претставува кршење на меѓународното право и на меѓународните односи", рече известувачката на ОН, Каламард.
На крајот изрази благодарност на Турција за поддршката која ја доби во текот на нејзината посета на Турција по повод меѓународната истрага за убиство на саудискиот новинар Кашоги.
Каламард неодамна престојуваше во Турција во рамките на убиството на Кашоги.
Џамал Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон Пост" (The Washington Post), убиен е на 2 октомври 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.
Турското обвинителство откри дека тој е брутално задавен по влегувањето во конзулатот и дека неговото тело е распарчано и уништено.
Властите на Саудиска Арабија потоа признаа дека Кашоги е убиен, а дека не го напуштил конзулатот, како што претходно тврдеа.
Властите во Саудиска Арабија покренаа обвиненија против 11 осомничени за убиството, а тамошното обвинителство бара изрекување на смртни казни за пет првоовинети.
Иако е откриено кога, каде и како е убиен Кашоги, се уште не е познато каде се наоѓаат остатоците.