Ekipa
11 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
АДИС АБEБА (АА) - Комапнијата „Етиопијан ерлајнс“ (Ethiopian Airlines) денес соопшти дека донела одлука да ја приземји својата флота на авиони од типот „Boeing-737-8 Max“, откако еден од авионите се урна, при што загинаа 157 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Авионот се урна вчера, шест минути по полетувањето од меѓународниот аеродром „Боле“ во Адис Абеба.
„По трагичната несреќа на ET-302 ... „Етиопијан ерлајнс“ одлучи да ја приземји цела „B-737-8 MAX“ флота од вчера, 10 март 2019 година, до понатамошно известување“.
„Иако сè уште не ја знаеме причината за несреќата, моравме да одлучиме да ја приземјиме флотата како дополнителна безбедносна мерка“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
На брифингот вчера, главниот извршен директор на авиокомпанијата, Теволде Гебремариам, во врска со несреќата изјави дека неговата авиокомпанија го добила авионот како сосема ново летало на 15 ноември 2018 година и леталото немало технички проблеми.