Elvır Hodzıc
20 Октомври 2023•Ажурирај: 22 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Палестинските здравствени работници пратија порака до целиот свет кој немо ги следи убивањето на децата и крвавите масакри што израелските сили ги изведуваат во своите напади врз блокираниот Појас Газа, јавува Анадолу.
„Кој ги уби овие деца? О, слободен свету, погледнете наваму! Каде сте да се спротивставите додека над овој народ се спроведува вистински масакр?“, праша еден од медицинарите собрани околу телата на повеќе деца убиени во израелските напади во Газа.
20.10.2023 Плач на медицинарите од Газа: „Кој ги уби овие деца?“
ГАЗА (АА) - Палестинските здравствени работници пратија порака до целиот свет кој немо ги следи убивањето на децата и крвавите масакри што израелските сили ги изведуваат во своите напади врз блокираниот Појас Газа.
Израелските сили од 7 октомври изведуваат интензивни воздушни и артилериски напади врз Газа.
Палестинското Министерство за здравство во Газа објави дека досега во израелските напади врз Газа загинале најмалку 3.785 лица, а ранети се најмалку 12.500. Меѓу загинатите најмалку 1.524 се деца, а 1.000 се жени.