İlayda Çakırtekin
04 Јули 2025•Ажурирај: 05 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Во експлозија на бензинска пумпа во источен Рим денес се повредени најмалку 21 лице, јави италијанската новинска агенција АНСА, пренесува Анадолу.
Меѓу повредените од експлозијата има и спасувачи, но никој не е во сериозна состојба.
Според првичните извештаи од противпожарната служба, инцидентот се случил утрово и бил предизвикан од одвојување на цистерната од пумпата што ја полнела.
Експлозијата оштетила неколку блиски објекти, а пожарот се проширил на судски магацин зад бензинската пумпа.
Пожарникарите, кои биле повикани откако камион удрил во цевковод, веќе биле на местото гаснејќи го пожарот кога се случила експлозијата. Сега се работи на обезбедување на областа, а истекување на гас не се исклучува како можна причина за експлозијата.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони на X напиша дека „внимателно“ ги следи последиците од експлозијата и дека е во близок контакт со надлежните органи.
„Изразувам солидарност со сите повредени - полицајците, пожарникарите и медицинскиот персонал - и им упатувам искрена благодарност на сите вклучени во спасувачките и безбедносните операции“, рече Мелони.