ИСТАНБУЛ (АА) - ЃУЛСУМ ИНЏЕКАЈА - Претседателот на заедницата Рохинга во Аракан, проф. д р Вакар Уддин, упати повик до меѓународната заедница за интервенција, бидејќи насилството насочено кон Рохинга муслиманите се претвора во геноцид.
Проф. д-р Вакар Уддин, кој живее во САД, зборуваше со дописникот на АА за насилствата насочени против муслиманите во Аракан. Во последниов период насилствата добиваат на интензитет. Владата на Мјанмар спроведува масакр врз жените, децата, старците, палејќи ги живи.
За насилството на Владата на Мјанмар, проф. д-р Вакар го рече следното:
„Се спроведува ново насилство врз Рохинда муслиманите. Овој пат тоа не е насилство меѓу народите, ниту насилство од страна на екстремно десничарските будистички припадници. Овој пат насилството се спроведува лично од Владата на Мјанмар. Воените сили на Мјанмар напаѓаат голем број села, ги убиваат цивилите, а жените и децата кои бегаат од опожарените куќи ги фаќаат и ги фрлаат во куќите што горат. Оние што нема да ги фатат, со хеликоптер ги убиваат на отворените полиња. Отворениот простор и оризовите полиња се преполни со тела на муслиманите од Аракан“.
- „Жените или ги палат или групно ги силуваат“
Проф. д-р Вакар вели дека чинот на собирање стотици Рохинга муслимани на едно место и нивно убивање дефинитивно преставува „геноцид“.
Тој истакна дека секој што го видел насилството коешто се спроведува врз муслиманите се сложува дека станува збор за геноцид. „Убија стотици луѓе, и ние пронајдовме дел од масовните гробници. Пронајдовме луѓе кои биле стрелани и голем број жени кои биле спалувани. Покрај ова, има голем број случаи на групно силување. Владините сили вршат упади во куќите во селата. Мажите се принудувани да ги напуштат своите домови. Но жените кои се сами дома се жртва на групно силување од страна на полицијата“, зборуваше проф. д-р Вакар.
Проф. д-р Вакар рече дека и покрај упатените повици до меѓународните институции, здруженијата за човекови права, САД и земјите на Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД), нема никакви промени од страна на владата на Мјанмар.
Проф. д-р Вакар истакна дека меѓународните институции упатиле повик да се дозволи дотур на помош во подрачјето, но владата го попречува дотурот на каква било хуманитарна помош во храна и други човечки потреби од воздух, копно и море.
„Во моментов повеќе од 20.000 припадници на Рохинга муслиманите се без дом. Некои семејства се засолнуваат далеку од своите села, додека некои преоѓаат на територијата на Бангладеш, со цел да најдат посигурно место. Во некои села, во една куќа престојуваат од 10 до 15 семејства. Затоа не се во можност да најдат доволно храна. Земјоделците од Рохинга имаат ограничени извори на производство и тие не се доволни за прехрана на толку многу луѓе. Затоа претставниците на Рохинга се соочуваат со човечка криза. Владата на Мјанмар ја влошува целата оваа ситуација со вооружувањето на екстремно десноориентираните будисти и нивно обучување. И тие вршат напади врз народот Рохинга. Со ова, владата се обидува целата ситуација да ја претвори во судир на народите. Исто како во 2012-2013 година, будистите ги убиваа припадниците на Рохинга, и овојпат се обидуваат ситуацијата да ја претстават како судир на недоразбирање меѓу цивилите“, вели проф. д-р Вакар.
Тој, исто така, изјави дека Владата на Мјанмар ги доведува во заблуда набљудувачите на меѓународната заедница:
„САД и меѓународните институции неколкупати испратија свои набљудувачи во подрачјата каде што се извршува масакр, но за жал, пред доаѓањето на набљудувачите, претставниците на владата ги отстрануваат сите армиски сили од селата, чистејќи ги сите траги на масакрот, оставајќи мали, небитни траги од настаните. Всушност пред доаѓањето на набљудувачите, селата се полни со телата на мртви жени, деца и стари лица. Но за жал, набљудувачите не можат да видат ниту еден дел од ова. И онака владата, во поголем број случаи, од безбедносни причини, не им дозволува пристап на набљудувачите во голем број села“, вели тој.
- „Решение е меѓународната реакција“
Проф. д-р Вакар истакна дека против насилството што го спроведува владата на Мјанмар против муслиманите Рохинга постои само едно решение и ја даде следната проценка:
„За да се стави крај на целата оваа ситуација, има само едно решение. Потребно е Обединетите нации и останатите меѓународни институции постојано да бидат присутни на теренот, бидејќи при 3-4 дневните посети на претставниците на ОН на тие подрачја, армиските трупи се повлекуваат, теренот се чисти и по заминувањето на набљудувачите, сѐ се враќа на старо. Продолжуваат убиствата на луѓето, силувањето на жените и палењето на куќите. Затоа, потребно е ОН да испрати свои единици, како набљудувачи, во спротивно владините сили на Мјанмар ќе продолжат со масакрот на цивилите. Затоа единствено решение за запирање на оваа ситуација е некоја меѓународна сила привремено да постави контрола врз ситуацијата и наспроти владата на Мјанмар да заземе цврст став. Најмалку што може да се направи е повторно да се воведат санкции пртив владата на Мјанмар. Потребно е, колку што е можно побргу, ОН ова прашање да го постават на Советот за безбедност и да ги започнат официјалните средби со владата на Мјанмар, бидејќи се намалува времето за реакција. На тереност се извршува еден сериозен геноцид“.
Проф. д-р Вакар додаде дека доаѓањето на зимата ќе создаде и нова хуманитарна криза, бидејќи во подрачјето има околу 20.000 гладни луѓе на кои им е потребно засолниште.
„Времето станува сѐ постудено. Постои голем проблем со храната. Всушност храна има, но владата на Мјанмар ја попречува нејзината дистрибуција до загрозените. Владата на Мјанмар ги уценува производителите на храна и ја попречува нејзината дистрибуција. Потребно е меѓународните институции да воспостават контрола. Владата не ја дозволува дистрибуцијата на храна, бидејќи сакаат да го натераат народот на миграција и иселување. Зарем ова не е геноцид? Меѓународните институции се расправаат дали тоа било или не било геноцид. Дали ова е масакр, колеж или геноцид?“
- „Најголема поддршка добиваме од Турција“
Проф. д-р Вакар истакна дека има големи очекувања од Турција.
Проф. д-р Вакар рече дека турската Влада има добри односи со владата на Мјанмар:
„Ние сакаме турската Влада да биде во постојан контакт со владата во Бурма и да ја убеди владата на Мјанмар да стави крај на овие убиства. Да се отстрани ембаргото за храна. Да ја убеди владата на Мјанмар да започне соработка со меѓународните институции. Откако турската Влада ќе успее да ја убеди владата на Мјанмар на соработка, ние ќе ги вложиме сите напори за во Рохинга да пристигне помошта од хуманитеарните институции“.
Проф. д-р Вакар истакна дека се многу благодарни, бидејќи во најтешките моменти секогаш ја имале поддршката на турската Влада и од турскиот народ:
„Во име на народот Рохинга, им се заблагодарувам на турската Влада и на турскиот народ, кои ни ја даваат својата поддршка во овие тешки моменти. Со години, тие со симпатии гледаат кон Рохинга народот и ја даваат својата поддршка. Затоа ние секогаш ќе го гледаме турскиот народ како братски и многу сме му благодарни. Истовремено посакуваме тоа да продолжи. Посакуваме да продолжат со својата хуманитарна и политичка поддршка. Помошта во хуманитарните организации е многу занчајна за нас. Ве молиме, помогнете колку што сте во можност, бидејќи за нас е значајна и најмалата донација. Секој, колку е во можност, нека ја информира светската јавност за настаните што се случуваат во Рохинга, бидејќи владата на Мјанмар зборува лаги и прави лажна пропаганда“.
news_share_descriptionsubscription_contact


