Elena Teslova
16 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија ги признава легитимните интереси на Турција за обезбедување на својата погранична безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние секогаш велевме дека ги признаваме легитимните интереси на Турција во обезбедување на безбедноста на својата граница“, изјави Лавров на состанокот на шефовите на агенциите за разузнавање во Сочи.
Лавров рече дека Русија се залага за воспоставување „практична соработка“ меѓу Дамаск и Анкара, врз основа на Договорот од Адана од 1998 година, кој им дозволува на турските сили да спроведат воени операции во Сирија.
„Практично, војската меѓу двете земји мора да одреди конкретни параметри на таква соработка. Ние сме подготвени да помогнеме во таков дијалог“, изјави шефот на руската дипломатија.
Лавров потврди дека започнале разговорите меѓу сириската Влада и терористичката организација ЈПГ/ПКК. Русија ќе го охрабри процесот на имплементација на договорите меѓу двете страни.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Целта на операцијата „Извор на мирот“ е подрачјето источно од реката Еуфрат, да се исчисти од терористите на ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.