Ferdi Türkten
17 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган на 22 октомври ќе ја посети Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на турскиот претседател соопштија дека претседателот Ердоган во Русија ќе претстојува во еднодневна посета.
Планирано е Ердоган да го посети Сочи каде би требало да се состане со рускиот претседател Владимир Путин.