Elena Teslova
21 Октомври 2025•Ажурирај: 22 Октомври 2025
МОСКВА (АА) - Украинскиот парламент, Врховна Рада, денес го продолжи рокот на воена состојба во земјата за уште 90 дена, односно до 3 февруари 2026 година, јавува Анадолу.
Одлуката ја објави парламентарната прес-служба.
„Во Украина, периодот на воена состојба е продолжен почнувајќи од 5 ноември 2025 година, во 5:30 часот наутро (по локално време) за 90 дена“, се вели во соопштението.
Во него се појаснува дека продолжувањето било одобрено од украинските пратеници денес по консултација со претседателот Владимир Зеленски.
Воена состојба е на сила во Украина откако започна конфликтот меѓу Москва и Киев на 24 февруари 2022 година.
На 25 февруари 2022 година Зеленски потпиша декрет со кој се воведува општа мобилизација. Оттогаш, воената состојба и универзалната регрутација се продолжуваат на секои 90 дена.