Talha Yavuz
13 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
КИЕВ (АА) - Украина планира да купи уште 24 турски беспилотни летала, објави највисокиот воен орган на државата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Главниот командант на Вооружените сили, Валериј Залузни, за новинарите изјави дека Украина планира да ги купи беспилотните борбени летала „Бајрактар ТБ2“ (Тактички блок 2) во периодот 2021-2022 година.
Украина во својот инвентар во моментов има 12 вооружени беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) што ги користат нејзините воздушни и поморски сили.
„Исто така, имаме намера во иднина да вклучиме такви беспилотни летала како домашно производство во нашиот инвентар“, рече тој.
Залузни нагласи и дека не е доволно само нивно купување, туку и потребата да се научи ефикасно да се користат.
Украинските вооружени сили купија шест беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ и три копнени контролни станици од Турција во 2019 година, што беа испорачани за два месеци.
Во јули оваа година, првата пратка ТБ2 беше доставена до Украинските поморски сили.
„Бајрактар ТБ2“ влезе во инвентарот на Турската армија во 2014 година и во моментов го користат и неколку други земји, меѓу кои Украина, Катар и Азербејџан.
Турција ги користеше своите најсовремени беспилотни летала ефективно во текот на изминатите години во прекуграничните антитерористички воени операции како што се „Штитот на Еуфрат“, „Маслинова гранка“ и „Пролетен штит“ за ослободување на областите во близина на сириската граница од терористичките организации.
Турските беспилотни летала, исто така, одиграа клучна улога во минатогодишната шестнеделна војна меѓу Ерменија и Азербејџан.