İlayda Çakırtekin
07 Април 2026•Ажурирај: 07 Април 2026
Министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес го потврди ставот на Франција против какви било напади врз цивилната и енергетската инфраструктура во Иран, во контекст на американските закани, предупредувајќи на опасноста од тргнување по пат од кој нема назад, јавува Анадолу.
„Продолжуваме да се противиме на нападите врз цивилната и енергетска инфраструктура, пред сѐ, затоа што се забранети според правилата на војување и меѓународното право”, изјави Баро за јавниот сервис Франс инфо.
Тој предупреди дека таков вид напади може да отворат „нова фаза на ескалација на одмаздничките напади”, вовлекувајќи ги регионот и глобалната економија кон загрижувачка насока од кој нема назад.
„Веќе сме сведоци на нагло зголемување на цените на горивата. Доколку инфраструктурата во Иран биде цел на напади, може да очекуваме одмазда од иранскиот режим, а тоа дополнително би ја влошило веќе загрижувачката состојба”, додаде Баро.
Тој го потврди ставот на Франција и Европа, нагласувајќи дека тие избегнуваат да бидат вовлечени во војна што не ја започнале, додека истовремено работат на лимитирање на последиците и ги поддржуваат напорите за посредување предводени од земјите во регионот.
„Уште од првиот ден не ја одобрувавме американско-израелската интервенција, која немаше доволно јасно дефинирани цели, кои отстапија од меѓународното право”, додаде Баро.