Hakan Çopur
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Во американската јавност предизвика голем интерес пензионираната професорка по англиски, која писмото што го примила од Белата куќа, по коригирањето на грешките, го испратила назад, јавува Anadolu Agency (AA).
Пензионираната професорка по англиски јазик Ивон Мејсон (61), за американскиот телевизиски канал Си-ен-ен (CNN) изјави дека по убиството на 17 ученици во сојузната држава Флорида, напишала писмо до Белата куќа со барање да се сретне со американскиот претседател, Доналд Трамп. Мејсон изјави дека по извесен период, од Белата куќа добила писмо со потпис на Трамп во кое се одбива нејзиното барање.

Пензионираната професорка по англиски јазик, забележувајќи ги сите правописни грешки, писмото го препратила назад во Белата куќа, истакнувајќи дека ѝ пречеле направените грешки во правописот.
Зборувајќи за телевизискиот канал Си-ен-ен, Мејсон рече дека во горниот лев агол од писмото напишала: „Дали направивте граматичка контрола?“, а во најдолниот дел од писмото, покрај една грешка ја оставила забелешката „Драги боже, ова е грешка“, и додаде: „Граматиката е значајна, а доколку примате писмо испратено од Белата куќа, тогаш е многу позначајна“.
Мејсон прокоментира: „Доколку вакво писмо беше напишано од основец, ќе добиеше оценка Ц (3), а на средношколец ќе му дадев Д (2).
Мејсон која го сподели писмото на Фејсбук предизвика голем интерес прво на социјаните мрежи, а потоа и на главните национални медиуми во САД.