Dildar Baykan
28 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД) истакна дека фактот што Северна Македонија стана 30. членка на НАТО, ќе даде поддршка во зголемување на безбедноста, стабилноста, трговијата, деморкатските реформи и интерграцијата во регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот Стејт департмент објави писмено соопштение во врска со тоа што Северна Македонија стана 30. членка на НАТО.
Во ова соопштение се наведува дека НАТО веќе 70 години е тврдината на меѓународниот мир и безбедност.
„Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на долгогодишниот напор на владата и граѓаните на оваа земја. Членството на Северна Македонија во НАТО ќе даде поддршка во зголемувањето на безбедноста, стабилноста, трговијата, демократските реформи, и интерграцијата во регионот“, се вели во соопштението.
Според соопштението, Северна Македонија покажала дека нејзините врати се отворени за земјите кои се залагаат за исполнување на високите стандарди на НАТО и ги преземаат одговорностите на Алијансата.
„Ја поздравуваме 30. членка на НАТО“, се сели во соопштението.
Потсетуваме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Северна Македонија стана 30. членка на НАТО по завршување на сите официјални процеси.
Протоколот за пристапување меѓу НАТО и Северна Македонија беше потпишан на 6 февруари 2019 година.
Во Собранието на Република Северна Македонија на 11 февруари оваа година на свечена седница го ратификуваше Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.
Северна Македонија на 12 јули 2018 година на Самитот на НАТО во Брисел доби повик да стане членка на Алијансата. Потоа, Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО е потпишан во седиштето на НАТО во Брисел во февруари минатата година. Оттогаш почна процесот на ратификација на овој Протокол во парламентите на земјите членки на Алијансата, а беше финализиран на 17 март со ратификацијата на Шпанија.