Mehmet Yusuf Melikoğlu
19 Мај 2024•Ажурирај: 20 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес испрати порака по повод 19 мај - Денот на младите и спортот, кој воедно е и Ден на сеќавање на првиот претседател на модерна Република Туркије - Мустафа Кемал Ататурк, известува Анадолу.
Претседателот Ердоган ја истакна трајната важност на овој настан, нарекувајќи го за камен-темелник во изградбата на силна Туркије.
„Овој датум ја означува искрата за независноста на нашата нација и идниот стремеж против непријателската окупација. Националната борба што започна во Самсун се прошири низ Анадолија, достигнувајќи критични моменти во Амасија, Ерзурум, Сивас и конечно во Анкара“, рече турскиот претседател.
Ердоган ја потврди важноста на духот на 19 мај, опишувајќи го како најголемо богатство на Туркије во соочувањето со современите предизвици.
„Нашата борба за развој, раст и зајакнување може да продолжи само со прифаќање на суштината, принципите, идеалите и целите на 19 мај“, додаде претседателот на Туркије.
Инаку, Мустафа Кемал Ататурк на 19 мај 1919 година ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Туркије. Затоа 19 мај е исклучително важен датум во оваа земја.
Денот на младите и спортот се одбележува со различни настани во Република Туркије, но и во други земји во светот каде што живее турската дијаспора.