Burç Eruygur
19 Мај 2024•Ажурирај: 20 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) -Украина денес објави дека соборила 37 руски дронови и уништила миноловец на руската Црноморска флота, известува Анадолу.
Никола Олешчук, командант на украинското воено воздухопловство, на социјалната платформа Телеграм објави дека Русија извршила напад на Украина со 37 дронови лансирани од регионот Курск и Краснодар.
Оленчук информираше дека сите 37 дронови се соборени над украинските региони Киев, Одеса, Николајев, Суми, Виница, Житомир, Черкаси и Херсон.
„Во Одеса остатоците од соборените дронови ја оштетија управната зграда“, наведе гувернерот Олех Кипер на Телеграм, додавајќи дека остатоците паднале и во дворот на станбена населба.
Украинската морнарица соопшти дека одбранбените сили на земјата уништиле руски брод-миноловец по име „Ковровец“.
Руските власти сѐ уште не ги коментираа овие тврдења.