Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
01 Март 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку 70 украински војници загинаа во руските напади врз воена единица во североисточна Украина, потврдија локалните власти денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жртвите беа потврдени од Дмитро Живицки, шеф на регионалната државна управа на Суми, објави украинскиот „Киев индипендент њуз“.
Исто така, родилиште во близина на Киев е погодено од руската артилерија.
Во објава на социјалните мрежи, Виталиј Гирин, кој раководи со болницата, рече дека сите се евакуирани од зградата.
Војната на Москва против Украина денес влезе во шестиот ден.
Војната беше дочекана со бес од меѓународната заедница, при што Европската Унија, Велика Британија, Јапонија и САД имплементираа низа економски санкции кон Русија.
Најмалку 102 цивили се убиени досега во Украина, а повеќе од 500.000 ја напуштиле земјата, соопштија претставници на ОН.
Украина соопшти дека над 350 цивили се убиени, а над 1.600 се повредени за време на нападите на руските сили.