Fatih Erel
04 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
ЖЕНЕВА (AA) – Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН) Зејд Раад ал-Хусеин, предложи ограничување на моќта на ветото на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН (ВСУН) кога станува збор за интензивираните напади во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишано соопштение на високиот комесар се наведува дека „дојде време за преземање на храбри чекови и силно лидерство".
„Би требало да се презедат нови храбри иницијативи, вклучувајќи предлог на ограничување на моќта на членките на ВСУН кога станува збор за кршење на човековите права во Алепо", се истакнува во соопштението на Зејд за ограничувањето на правата на вето на САД, Русија, Обединетото Кралство, Франција и Кина.
Зејд Раад ал-Хусеин смета дека ВСУН треба да забрани користење на моќта на вето на постојаните членки кога станува збор за загрижувачките ситуации како што се воените злосторства, злосторства против човечноста и геноцид.
Комесарот смета дека оваа иницијатива би придонела ВСУН да се обрати до Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Тој предупреди дека не користи огнено оружје во прилика на изведувањето на воздушните напади во Сирија.
Потсетуваме, Франција во септември 2015 година даде нацрт на резолуцијата за ограничување на правото на вето на постојаните членки на ВСУН, на што Русија вложи вето.
Ситуацијата во Алепо секој ден е се позагрижувачка. Само во десет дена на истекот во Алепо животот го загубија околу стотина деца, а во самоубиствениот напад во салонот за веселби во градот Хасеке, загинаа 30, а ранети се 90 лица.