Kasım İleri
27 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Кандидатот на Доналд Трамп за секретар на морнарицата, Филип Билден ја повлече својата кандидатура, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на САД, Џим Матис, во писмено соопштение изјави дека Билден се повлекува од кандидатурата.
„Тоа е негова индивидуална одлука, која се должи на загриженоста за приватноста и тешкотиите што ги доживеа во врска со неговото изземање од работните врски. Иако сум разочаран, ја разбирам и ја почитувам неговата одлука. Знам дека ќе продолжи да ја поддржува нашата нација на други начини. Додека претседателот ја создава визијата за изградба на нашата армија, во претстојните денови ќе му препорачам привремен лидер за морнарицата и за поморските сили“, вели Матис во соопштението.
Во соопштението се наведува и изјавата на Билден, во која тој вели: „По долго размислување, пред да го лишам моето семејство од приватните финансиски интереси и пред многу да се внесам во работата, одлучив дека не ќе можам да ги исполнам условите на канцеларијата за етика на Владата“.
- Второ повлекување меѓу кадидатите на Трамп -
Повлекувањето на Билден од кандидатурата е второ во раководството на Трамп.
Минатиот месец, кандидатот за Министерство за труд, Ендрју Пуздер ја повлече својата кандидатура. Тој изјави дека оваа одлука ја донел по разговорот со своето семејство и со своите блиски. Наспроти ова, некои од органите пренесуваат дека Пуздер се повлече поради загриженоста дека нема да наиде на доволна поддршка во Сенатот.
Од друга страна пак, по оставката на советникот за национална безбедност, Мајкл Флин, Роберт Харвард ја одби понудата на Трамп за негово назначување во Советот за национална безбедност.