Eshat Fırat
27 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници уапсија 18 Палестинци на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската армија соопшти дека биле спроведени рации во куќи во повеќе области, а меѓу нив е и бегалски камп во северниот дел на Западниот Брег.
Се наведува дека Палестинците се притворени поради вмешаност во терористички активности.
Израелските сили речиси секој ден од различни причини вршат рации во домовите на Палестинците и спроведуваат апсења.
Палестински извори тврдат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, меѓу кои и 300 деца.