Ali Cura
07 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
КИЕВ (АА) – Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, соопшти дека ќе поднесе оставка од функцијата гувернер на областа Одеса во Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, Саакашвили истакна дека не е направено доволно во борбата против корупцијата во земјата. „Донесов одлука да поднесам оставка. Почна нова фаза во мојата борба. Јас нема да се откажам, нема да се уморам“, рече тој.
Саакашвили беше повикан во земјата од страна на претседателот на Украина, Петро Порошенко, доби украинско државјанство во мај минатата година, а беше именуван за гувернер на Одеса.
Саакашвили се придружи кон платформата „Форум за борба против корупцијата“ и преку овој форум одржуваше говори во различни градови. Тој ја обвини актуелната власт дека е партнер на корупција.