Levent Tok
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
ХАН ШЕЈХУН (AA) - ЛЕВЕНТ ТОК - Екипата на Anadolu Agency (AA) од воздух го снимаше регионот Хан Шејхун, недалеку од сирискиот град, Идлиб, кој на 4. април беше мета на нападот со хемиско оружје на силите на режимот на Асад.
Во нападот со хемиско оружје на Хан Шејхун загинаа повеќе од 100 лица, а преку 500 од нив почувствуваа последици од вдишување на отровен гас.
На снимките од воздух кои ги забележа екипата на АА јасно може да се види дека во нападот на режимските сили се погодени складиштата со житарки.
На фотографиите од Кан Шајкун се гледа дека складиштата на житарките се наоѓаат околу 50 метри од границата со населеното подрачје.
По нападот со хемиско оружје на Идлиб, Русија и режимот на Асад изнесоа тврдења дека не дошло до таков напад, туку дека во нападот на Хан Шејхун е погоден депо со хемиско оружје на сириските опозициски сили.
Но, фотографиите на АА укажуваат дека погодените складишта се наоѓаат во непосредна близина на населеното подрачје, како и дека околу нив се наоѓаат многу ниски ѕидови. Исто така, во близина на метата не е можно да се примети било какво воено возило или контролна точка на опозициските сили.
Екипата на АА престојуваше во Хан Шејхун и ден по нападот, а во таа прилика разговараше со жителите на овој регион. Тие исто така рекоа дека е погодено складиште со житарки и дека не виделе припадници на опозициската војска.