Sarp Özer
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
АФРИН (АА) - САРП ОЗЕР - Екипата на Anadolu Agency (AA) ги сними тунелот и позициите на терористичката организација ПЈД/ПКК ослободени од страна на Турските вооружени сили (ТСК) во рамките на операцијата „Маслинова гранка“.
Екипата на АА го сними тунелот користен од страна на терористите на терористичката организација ПЈД/ПКК, во западниот дел на Африн.
Во тунелот изграден од бетон, со дебелина од 90 сантиметри, ширина 1,5 метри и висина од 2 метри, имало и телевизор. Терористите преку овие структури покриени со песок и камења, се обидувале да се заштитат од можни воздушни напади и да ги напаѓаат турските војници.
Во тунелот со должина од 300 метри, се наоѓаат и мали бункери за набљудување и напаѓање. Одредени делови од тунелот се отвораат кон позиции заштитени со вреќи со песок.
Во овој тунел постои осветлување и вентилација, а и еден дел што се користел како кујна од страна на терористите, додека во друг дел има телевизор, на којшто може да се следат сателитските програми.
- Цилиндрични позиции -
Во регионот што е ставен под контрола, постојат позиции со цилиндрична форма, користени од страна на терористите. Позициите и тунелот за коишто станува збор, терористите ги покривале со камења и песок, за да не се забележуваат од надвор, а беа користени за набљудување на граничната линија и на турските војници што се наоѓаат во околината.
Се вели дека овие позиции потешко се забележуваат поради нивната цилиндрична форма.