Sayed Khodaberdi Sadat
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Во бомбашки напад извршен во областа Хелманд, Авганистан, загинаа шестмина полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Хелманд, Омер Зувак, за АА изјави дека експлозивната направа била поставена покрај патот во градот Марјах, активирана во моментот кога на тој пат минувало полициско оклопно возило.
Зувак изјави дека во нападот загинале шестмина полицајци, а исто толку се ранети.
Тој истакна дека во акцијата извршена во тој град убиени се десет талибанци, додека за бомбашкиот напад за одговорни ги смета токму талибанците.
Во нападот извршен пред два дена во Марјах загинаа седум цивили.