Ayşe Sümeyra Aydoğdu,Arif Yusuf
03 Јануари 2016•Ажурирај: 05 Јануари 2016
САЛАХАДИН (АА) - Најмалку 16 полицајци се убиени, а 11 ранети во денешниот самоубиствен напад во воената база во Тикрит, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од официјалните лица во воздушната база "Spyker" во Тикрит, Ијад Ахмед, изјави дека неколку напаѓачи влегле во базата, која полицијата во Мосул го користи како камп за обука, и го активирале експлозивот на себе кога дошле во непосредна близина на објектот во кој се сместени полицајците.
Ахмед потврди дека, според првичните информации, во нападот се убиени 16, а ранети 11 полицајци.
Станува збор за прв таков напад на воздушната база, која полицијата во Мосул ја користи од 24-ти октомври 2014 година.
Паралелно со тоа, ирачките сили за безбедност соопштија дека во операцијата во местото Баиџи убиени се најмалку шест припадници на терористичката организација ДАЕШ. Баиџи се наоѓа северно од Тикрит и во него се наоѓа една од најголемите рафинерии на нафта во целиот регион.