Sayed Khodaiberdi Sadat
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
КАБУЛ
Во бомбашки напад во медреса во авганистанската област Кост загина едно лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Саед Хости, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на талибанската управа, изјави дека бомбашкиот напад е извршен синоќа за време на свеченост одржана во медреса во селото Кост.
Хости наведе дека во нападот загинало едно лице, а три се повредени.
Никој сѐ уште не презеде одговорност за нападот.