Sayed Khodaiberdi Sadat
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
КАБУЛ
Шестмина безбедносни службеници загинаа во два бомбашки напади извршени во авганистанската западна покраина Херат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Херат, Сајед Вахид Катали, во изјава за медиумите истакна дека е извршен напад со возило бомба во близина на зградата на полициската дирекција во подрачјето на Шиндент во Херат.
Катали информира дека во нападот загинале четворица безбедносни службеници, и дека се повредени неколку безбедносни службеници.
Од друга страна, заменик-гувернерот на Херат, Нур Ахмад Хајдари, нагласи дека во нападот извршен со возило бомба врз полицајците во местото Кемер Кулаг во Херат, смртно настрадаа двајца безбедносни службеници, додека двајца полицајци се повредени.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, додека властите ги сметаат Талибанците одговорни за овие напади.