Sayed Khodaberdi Sadat
30 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
КАБУЛ (АА) - Две лица загинаа во самоубиствен напад на домот на Захир Кадир, независен пратеник во авганистанскиот Парламент, извршен во Џалалабад, источен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Нангархар, Атаула Хогјани, изјави дека еден од двајцата напаѓачи пред куќата на Кадир ја активирал експлозивната направа што ја носел на себе.
Во нападот загинаа двајца припадници на обезбедувањето на Кадир, а еден е ранет.
Хогјани изјави дека вториот напаѓач е неутрализиран при обидот да влезе во куќата.
Захир Кадир, кој во моментот се наоѓа во домот, не е повреден.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.