Mohammad Fahim Abed
13 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку пет лица загинаа утринава, при бомбашки напад на пакистанскиот конзулат во Џалалабад, во провинцијата Нангархар, Авганистан, а судири меѓу авганистанските сили и напаѓачите сè уште се во тек, јавува Anadolu Agency (АА).
Неименуван безбедносен претставник од регионот на Нангархар изјави дека пакистанскиот Конзулат утрово бил цел на напад со автомобил-бомба и дека група вооружени лица потоа влегле во зградата.
Тој додаде дека судирите помеѓу авганистанските сили и напаѓачот сè уште траат и дека досега загинале најмалку пет лица.
Очевидци тврдат дека по експлозијата видел четворица вооружени милитанти како влегуваат во зградата на конзулатот на Пакистан.
Истите извори велат дека судирите сè уште траат и дека досега се слушнале најмалку десет помоќни експлозии.
Досега, никој не презеде одговорност за нападот.