Sayed Khodaberdi Sadat
05 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Во заедничка акција на силите на НАТО и авганистанските безбедносни сили убиен е Омер Хатаб, еден од челниците на терористичката организација Ал Каеда, јавува Anadolu Agency (AA).
Од авганистанската разузнавачка служба, Националната дирекција за безбедност (NDS), соопштено е дека акцијата е извршена во подрачјето на јужните покраини Забул, Газна и Патакија.
Не беше потврдена точно локацијата каде што е убиен Хатаб. Исто така, беше истакнато дека биле нападнати пет кампови на организацијата, при што се убиени 80 припадници на Ал Каеда, а 27 се фатени.