Sayed Khodaiberdi Sadat
18 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
КАБУЛ
Претседателот на Врховниот национален совет за помирување на Авганистан, Абдула Абдула, истакна дека посакуваат да се постигне примирје во преговорите што продолжуваат со талибанците во катарскиот главен град Доха, со цел ставање крај на војната што продолжува во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдула имаше свое обраќање на церемонија во Кабул, при што рече дека преговарачката делегација на Авганистан со полно овластување ги продолжува преговорите со талибанците во Доха.
Тој истакна дека приоритет на преговарачката делегација на Авганистан е постигнување примирје.
„Во преговорите меѓу Авганците, што продолжуваат во Доха, сакаме да престане насилството и да се спроведува примирје“, додаде тој.
Абдула подвлече дека со цел постигнување мир во Авганистан, постои потреба за регионален и меѓународен консензус.
Од друга страна, втората фаза од преговорите повторно започна на 6 јануари, откако со одобрение на страните беше паузирана на 14 декември.