Abdullah Aşıran
01 Јули 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
РОТЕРДАМ
Две лица се повредени откако борбен авион удри во зграда во воена база во Холандија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случи во воената база „Луварден“, во која редовно се извршуваат летови за обука на пилоти.
При обидот за полетување, авионот во сопственост на Белгија удри во зграда во комплексот на холандската база.
Пилотот го активира катапултот и ја преживеа несреќата. Повредениот пилот е згрижен во болница, како и другите две повредени лица кои во моментот на несреќата се наоѓале во зградата во која удрил авионот.
Истрагата за причината на несреќата е во тек.