Aşkın Kıyağan
03 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
ВИЕНА (АА) - Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, изјави дека терористичкиот напад во Виена го извршиле неколку вооружени луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Моментално сме изложени на отворен терористички напад“, изјави Нехамер.
Тој истакна дека во туристичкиот дел на градот е забележан судир на полицијата и напаѓачите, не давајќи повеќе детали.
Австриската телевизија ОРФ објави дека еден полицаец е тешко ранет и дека еден од напаѓачите е убиен, а другиот фатен.
Портпаролот на Итната помош, Даниел Мелхер, за австриската новинска агенција АПА изјави дека има повеќе мртви и ранети, но дека сè уште не ја знаат точната бројка.
Полицијата презеде опсежни безбедносни мерки, а запрен е и јавниот превоз, вклучувајќи го и метрото.
Како што наведуваат локалните медиуми полицијата сè уште не ја има ставено ситуацијата под контрола, и во тек е акција за фаќање на напаѓачите кои се во бегство.