Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
КАБУЛ
Бројот на лица што ги загубија животите во бомбашкиот и вооружен напад врз Универзитетот во Кабул, во главниот град на Авганистан, се искачи на 22, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Авганистан соопшти дека бројот на луѓе што ги загубија своите животи како резултат на бомбашкиот и вооружен напад врз Универзитетот во Кабул, најголемиот универзитет во земјата, се зголеми на 22, а исто така и бројот на повредените е 22.
Од друга страна, претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, истакна дека сериозно ќе се одмаздат за лицата што ги загубија животите и дека денес е прогласена национална жалост.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
- Отворање на Саемот на книгата
За денес на Правниот факултет при Универзитетот во Кабул биле планирани испити, а нападот бил извршен токму во тој дел од Универзитетот.
Покрај тоа, денес требаше да се отвори и Саемот на книга за пријателство помеѓу Авганистан и Иран со учество на многу високи функционери.