Aşkın Kıyağan
04 Февруари 2023•Ажурирај: 06 Февруари 2023
ВИЕНА (АА) – Екстремно десничарски групи вчера закачија расистички транспарент на зградата на гимназија во 10-от округ во Виена, јавува Анадолу.
Инцидентот се случи по еден ден откако политичарот Готфрид Валдхаусл од крајно десничарската Слободарска партија на Австрија се скара со средношколец во телевизиска програма, што ги мобилизира крајно десничарските групи низ Австрија.
Транспарентот е поставен на средно училиште во кое одат голем број странци. Десничарите закачија транспарент на влезот во училиштето и оставија летоци со дискриминирачки пораки и говор на омраза.
Министерката за правда Алма Задиќ, која по потекло е од Босна и Херцеговина, рече дека расистичкиот чин е јасен показател за тоа колку брзо зборовите се претвораат во напади и порача дека Австрија мора цврсто да се спротивстави на тоа.