AP
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ЛОНДОН (АА) - Аеродромот „Лондон Сити“ е отворен откако стручните тимови ја отстранија неексплодираната бомба од Втората светска војна пронајдена во реката Темза, недалеку од аеродромот, јавува Anadolu Agency (AA).
Сообраќајот на аеродромот „Лондон Сити“ денес е прекинат откако е откриена бомба од Втората светска војна, тешка 500 килограми, на пристаништето Крал Џорџ V во Источен Лондон.
Полицијата одлучи да го „расчисти“ подрачјето од 215 метри околу бомбата, кое вклучува и неколку станбени улици, со цел стручните тимови, заедно со припадниците на Кралската морнарица, да ја отстранат бомбата.
Роберт Синклер, извршен директор на аеродромот „Лондон Сити“ денеска изјави дека зоната на евакуација е прекината и дека аеродромот продолжува нормално да функционира.
„Лондон Сити“ е најмалиот меѓународен аеродром во главниот град на Велика Британија. Се наоѓа во близина на пристаниште во источниот дел на престолнината, место кое беше цел на интензивни бомбардирања од страна на Германија за време на Втората светска војна.