Ahmet Sait Akçay
13 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
АЗАЗ (АА) - Турските вооружени сили и Слободната сириска војска го ослободија од терористите на ПЈД/ПКК и селото Омер Симо во сириското погранично подрачје на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јавува дека турската војска и силите на сириската опозиција во текот на операцијата „Маслинова гранка“ во целост го ослободиле селото кое се наоѓа северно од централното подрачје на Африн и дека продолжуваат да напредуваат кон внатрешноста на тој сириски регион.
Турските сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн ослободија вкупно 52 точки, вклучувајќи еден центар на град, 37 села и 14 стратешки важни планини и брда.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51. од договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите на режимот на Асад во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.