Ruslan Rehimov
30 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Во артилериските и ракетните напади на Ерменија извршени во населените места на Азербејџан досега загинаа 91 цивил, додека повредени се 400 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главното обвинителство на Азербејџан ги соопшти бројките на загубените животи во нападите на Ерменија од 27 септември до 30 октомври.
Според тоа, во овој период загинаа 91 азербејџански цивил, додека 400 лица се повредени.
Во соопштението се вели дека 11 од загинатите се деца, додека 27 од нив се жени.
Се истакнува дека 14 од повредените се бебиња, 36 се деца и 101 се жени.
Како резултат на овие напади, загинаа сите членови на седум семејства, додека 4 деца ги загубија и двајцата свои родители.
Поради нападите на Ерменија, 2.442 куќи, 92 стана и 428 јавни објекти се во неупотреблива состојба.