Ruslan Rehimov
18 Октомври 2021•Ажурирај: 19 Октомври 2021
БАКУ
Азербејџан во регионите ослободени од ерменската окупација гради земјоделски паркови каде што земјоделските активности ќе се спроведуваат со модерни технологии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу приоритетите на азербејџанската Влада е развојот на земјоделскиот сектор во ослободените области. Во тие области започнати се обемни развојни проекти.
Селото Агали во провинцијата Зангилан е избрано како прва област за развој на земјоделските активности во регионот.
Во селото Агали, кое беше целосно уништено од Ерменците за време на окупацијата, се гради првото „паметно село“ во регионот. Како дел од проектот за паметно село, првиот земјоделски парк во регионот е во функција.
Во правењето на земјоделскиот парк што треба да се воспостави во рамките на проектот, вклучени се и турски компании. Во рамките на паркот ќе се воспостават земјоделски површини, оранжерии, сточарски фарми и овоштарници.
Во земјоделскиот парк ќе се користат модерни земјоделски возила, вклучително и возила без екипаж.
Земјоделскиот парк има за цел да придонесе за заживување на регионот и да се постигне поефикасно земјоделско производство.