Emel Öz
18 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
НАЈРОБИ
Се тврди дека најмалку 3 лица загинале како резултат на воздушниот напад извршен од Етиопската армија во регионот Тиграј, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Двајца хуманитарни работници истакнаа дека Армијата извршила воздушен напад во Мекеле и дека во нападот животот го загубиле 3 лица.
Претставниците на Армијата не дадоа информации за нападот.
Киндеја Гебрехивот, жител на Мекеле, во изјавата за „Асошиејтед прес“ наведе дека бил бомбардиран пазар и тврди дека голем број луѓе се повредени.