Ruslan Rehimov
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
БАКУ (AA) - Силите на Азербејџан дејствуваа кон ерменските положби, а во таа прилика има и загинати ерменски војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан, наведено е дека војската ги погодила и ги неутрализирала ерменските упоришта од кои азербејџанската страна претходно била изложена на константен оган.
Министерството исто така наведува дека во дејствувањето имало и загинати од ерменската страна и објави видео снимки од нападот.
Освен тоа, во соопштението на министерството е наведено дека е соборено ерменско беспилотно летало, кое извидувално над азербејџанските положби, потошно кај селото Талис.
Ерменските сили синоќа долж границата дејствувале на положбите на Азербејџан, а до жестоките судири дошло на локацијата помеѓу Окавенд-Фузули.