Şenhan Bolelli
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
МАДРИД (АА) - Во последните два дена, со цел да се спречи птичјиот грип, во областа на Каталонија во источна Шпанија беа уништени околу 25.000 патки, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Одделот за здравство на Каталонија, во Жирона и Барселона на 12 фарми беа уништени 25.000 патки.
Властите потврдија дека уништувањето на птиците следи откако се потврдени шест случаи на птичји грип (H5N8) во последните 30 дена. Поради превенција, пред два дена беа уништени 17.000 а еден ден пред тоа повеќе од 7.000 патки.
Од 28 октомври минатата година во Европа е потврден птичји грип на 781 фарма.
Овој вирус најмногу ја погоди Франција, каде што од ноември минатата година беа уништени повеќе од 3 милиони птици.