Ruslan Rehimov
14 Декември 2020•Ажурирај: 15 Декември 2020
БАКУ (АА) -Еден азербејџански цивил го загуби животот, додека еден војник и еден цивил се повредени при експлозија на мина поставена од страна на ерменските сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Главното обвинителство на Азербејџан се наведува дека група цивили и војници во селото Шахбулак во подрачјето на Агдам, кое беше ослободено од окупација, згазнале на мина.
Во експлозијата на мината еден цивил го загубил својот живот, додека еден војник и еден цивил се повредени.
Канцеларијата на јавниот обвинител, која започна истрага за инцидентот, ги предупреди граѓаните да не влегуваат во териториите ослободени од окупацијата сè додека не бидат целосно исчистени од мини.
Претходно, петмина азербејџански цивили ги загубија животите во експлозија на мини поставени од ерменските сили.