Nuri Aydın
14 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
АНКАРА
Четиринаесет лица загинаа, од кои 2 деца, при потонување на чамец со имигранти на отворено море во Венецуела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), потонал чамец со најмалку 20 мигранти, кои од Венецуела тргнале кон Тринидад и Тобаго.
Екипите на Крајбрежната стража на Венецуела викендов ги пронашле безживотните тела на 14 лица, од кои 2 деца, што се наоѓале на чамецот што потонал на венецуелскиот брег.
Групата мигранти што се наоѓале во чамецот, на 6 декември испловиле од местото Гирија во венецуелската држава Сукре.
Според Меѓународната организација за миграции (IOM), се претпоставува дека во последните 5 години Венецуела ја напуштиле 5,4 милиони лица бегајќи од економската и политичката криза.
Миграциите на жителите на Венецуела се истакнуваат како најголем мигрантски бран во блиската историја.
Минатата година најмалку 2 брода исчезнаа патувајќи кон Тринидад и Тобаго.