Ruslan Rehimov
21 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија собори ерменско беспилотно летало, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека собореното беспилотно летало припаѓало на Ерменија, и дека вршело извидувачки лет на територијата на Азербејџан.
Се истакнува дека во тек е потрагата по сите остатци од беспилотното летало.
Во соопштението нема информации за тоа каде е соборено беспилотното летало, но на социјалните мрежи се тврди дека инцидентот се случил во областа Шемкир, која не граничи со Ерменија.