Gözde Bayar
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
АНКАРА
Американските власти приведоа лице осомничено дека до американскиот претседател Доналд Трамп испратило писмо што содржело отров рицин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ен-би-си њуз“ (NBC News), цитирајќи федерален полициски службеник, објавија дека осомниченото лице било притворено додека се обидувало да влезе во САД од Канада.
Репортерот на „Си-ен-ен“ (CNN), Шимон Прокупеч, на Твитер соопшти дека осомниченото лице е жена и дека со себе носела пиштол.
Писмото беше пресретнато минатата недела од органите за спроведување на законот и беа спроведени тестови за да се потврди присуството на смртоносниот отров.
Весникот „Монтреал“ објави дека писмото поминало низ објект за сортирање во Монтреал, додека било на пат кон Белата куќа.
Рицин е високотоксично соединение извлечено од рицинусовото зрно, што се користело во терористички заговори.