Ruslan Rehimov
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија соопшти дека соборила две беспилотни летала кои припаѓаат на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, едното ерменско беспилотно летало е соборено при извидување на азербејџанските позиции во регионот Агдам.
Министерството наведува дека азербејџанските војници собориле уште едно беспилотно летало на Ерменија кое вршело извидување во регионот Товуз на граничната линија.