Ömer Koparan
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
БАБ (АА) - Двајца цивили го загубија животот во нападот што го изврши режимот на Башар Асад и неговите приврзаници врз подрачјето на градот Ал Баб, кој е под контрола на воената опозиција во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Режимот на Асад и неговите приврзаници синоќа со четири ракети „Град“ го нападнаа селото Берата во западниот дел на Ал Баб, кој беше исчистен од терористите со турската операција „Штитот на Еуфрат“.
Во нападот двајца цивили од селото загинаа, додека двајца се повредени.
На 23 февруари 2017 година Турските вооружени сили и Сириската национална војска го ослободија подрачјето на Ал Баб од терористичката организација ДЕАШ.